Запленета дрога и оружје кај маж од Дојран

Од:

Полицијата до Основното јавно обвинителство во Гевгелија, поднесе кривична пријава против Г.Ј.(51) од село Црничани, општина Дојран. Уапсениот е осомничен за кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или експлозивни материи“.

Од полицијата велат дека врз основа на судска наредба, извршиле претреси на две локации, во домот на пријавениот во село Црничани и на место викано „Гатар“, атар на село Црничани.

При претресите биле пронајдени и одземени 24 тегли со марихуана, четири хартиени омоти со марихуана, две стебла од растението канабис, предмети со остатоци од марихуана, две ловечки и една малокалибарска пушка. Лицето било лишено од слобода и задржано во Полициската станица Гевгелија, по што бил изведен пред судија од Основен суд Гевгелија, кој му определил мерка притвор во траење од 30 дена.

Би можело да ве интересира

Марихуана, кокаин и прашкасти материи се пронајдени на повеќе локации, приведени се пет лица

Повеќе од 100 парчиња огнено оружје се украдени од магацин во Ѓаковица

А1он

Уапсени се 13 лица во неколку градови во Македонија – пронајдени кокаин, марихуана и таблети

А1он

Во близина на „Ќафасан“ уапсен е голем дилер на дрога од Гостивар

МВР: Извршени се 47 претреси, уапсени се 16 лица, запленета е дрога, оружје и муниција

Горан Наумовски

Уапсени се сопружници од Кочани и велешанец кај кои е пронајдена дрога