Израелските сили извршија нови напади врз ракетни складишта и аеродроми во Сирија, во близина на главниот град Дамаск, објавија арапските медиуми.
Според воени извори, израелските воздухопловни сили извршиле повеќе од 300 воздушни напади врз воени цели во Сирија од падот на претседателот Башар ал Асад.
Последните напади, 17 на број, беа насочени кон стратешките тунелни системи на Иран, за кои се верува дека се користат за складирање и лансирање балистички ракети, објави јорданската телевизија Ал-Гад.