ВМРО-ДПМНЕ: Груби и неговите помагачи мора кривично да одговараат пред македонските органи

Од:

Aртан Груби мора да сноси одговорност за криминалните дејствија. Тој се најде на црната листа на САД поради криминални и корупциски дела, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Стратешкиот партнер обезбедил докази дека Груби земал мито за да влијае во судски предмети и одлуки. Груби во влијанието во судството не бил сам, логистика за тоа му беа патериците од СДС. ДУИ и СДС заеднички, седум години, поставувале свои луѓе во правосудниот систем. Судиите и обвинителите ги бираа во нивни партиски штабови.

Се поставува прашањето во колку судски процеси и во колку судски одлуки СДС и ДУИ влијаеле и ја спречиле правдата, или пак во колку граѓански постапка влијаеле за да се донеси одлука во нивна корист?

Затоа судството е целосно компромитирано и со доверба од граѓаните од 2%. За ваквото деградирање и мешање во правосудството одговорност мора да има. Сите соучесници на Груби, исто како него, треба да сносат одговорност и да се соочат со лицето на правдата пред македонските органи. Јавното обвинителство не треба да чека, туку треба веднаш да постапува и да ги обезбеди доказите.

Ако САД можеле да ги обезбедат доказите за мешање и влијанија на Груби во судски одлуки, истите можат и мораат да ги обезбедат и нашите истражни органи. Повикуваме судиите и обвинителите да се разбудат и да почнат да си ја работаат работа за коишто се платите од граѓаните, согласно закон. Кривична одговорност за Груби и за неговите помагачи во СДС и ДУИ мора да има“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги штити Виктор Димовски, Еролд Муслиу и Љупчо Коцевски

Ѓорѓиевски: Скопје е град на слоеви – град на историја, уметност и визии

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ крадеше, правеше предавства и ги уништуваше институциите

СДСМ: Скопје се гуши поради неспособноста на власта и градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО–ДПМНЕ вечерва објави 16 кандидати за градоначалници

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Дали службите за безбедност под водство на кадри на СДС го следеле и прислушкувале Мицкоски со знаење на Коцевски?