Левица: Уставен суд не отвори предмет за преименувањето на улиците по балисти

Од:

Уставниот суд одби да отвори предмет по уставната иницијатива на Левица со која беше оспорена Одлуката за промена на улиците по балистички и шовинистички ликови, донесена од страна на Советот на Град Скопје во мандатот на Петре Шилегов, велат од Левица.

„Оваа скандалозна Одлука, донесена од тогашната локална власт на СДС и ДУИ, освен што претставуваше популистичка мерка и обид за мобилизирање на изборни гласови од албанското гласачко тело, истата е директна спротивност на член 6 од Законот за именување на улици, мостови и плоштади. Имено, оваа Одлука ги навредува националните чувства на македонскиот народ и предизвикува нетрпеливост и раздор помеѓу етничките заедници во Република Македонија.

Улиците кои се опфатени со нашата иницијатива сега ги носат имињата на Адем Демачи, Ернест Колиќи, Митхад Фрашери и Сул Хота, коишто не само што немаат никаква допирна точка со македонската историја и македонската држава, туку се и спротивни на антифашистичкиот дух на борбата на македонскиот народ за слободна држава. Потсетуваме дека со ваквата одлука беа избришани имиња на улици кои ја симболизираат антифашистичката борба на македонската нација, како улиците „Втора македонска бригада“ и „Македонска Косовска Бригада“.

Тенденцијата на ваквите одлуки е јасна – системско бришење на заедничката борба против фашизмот врз која почива македонската држава и инсталирање врховистичко-балистички елементи, како дел од ревизионизмот на македонскиот идентитет, велат од партијата.

Левица оценува дека е скандалозен потегот на Уставниот суд да ја отфрли поднесената иницијатива и со тоа да му даде легитимитет на процесот на бришење на АСНОМ.

Би можело да ве интересира

Левица: Уставниот суд ја аминува политичката цензура – не поведе постапка за еклатантната дискриминација врз нашата партија

Левица: Пред Орце да зборува за туѓи семејства, нека се потсети дека неговото презиме има дебела и мрачна политичка историја

А1он

(ВИДЕО) „Боледувањето не е куќен притвор“ – Левица со предлог-закон за заштита на работничките права

Левица: Додека Хаг осудува за воени злосторства „патриотите“ од ДПМНЕ нека се потсетат кој ги амнестираше „Хашките случаи“ во Македонија

Левица: Кого прави будала Јаневска?

А1он

Министерството за образование повторно ги крие бодовите за студентските домови, реагира Левица