Променливо облачно, попладне повремен дожд, а на планините снег

Од:

Времето денеска ќе биде променливо облачно, наутро со услови за магла или ниска облачност по котлините.

Од пладневните часови од запад ќе се прошират повремени врнежи од дожд, а на планините особено во западните делови врнежите ќе бидат од снег.

Повремени врнежи ќе има и преку ноќта. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер претежно од југоисточен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 4 до 10 степени.

Во Скопје умерено до значително облачно од пладневните часови со услови за краткотарен дожд во делови од котлината.

Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 7 степени.

Според прогнозата на УХМР, од денеска во пладневните часови до ноќта кон понеделник времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. На планините, а во недела и на некои од повисоките места особено во западните делови врнежите ќе бидат од снег.

Особено во недела и понеделник во Повардарието ќе засилува северен ветер, а на почетокот на неделата утринските температури ќе бидат значително пониски.

Би можело да ве интересира

Дожд и снег наизменично, температурите продолжуваат да паѓаат

Претежно сончево со мала облачност, температури до 13 степени

Се стабилизира состојбата по обилните врнежи во земјава

Претпладне дожд, попладне снег

Попова Шапка под снег, дождови во Крушево, Охрид и Претор

Горан Наумовски

Студено утро, умерени дневни температури – дожд и снег на повисоките места