Левица: Популарното судско тефтерче повторно во рацете на ДПМНЕ

Од:

„Коалицијата ДПМНЕ-ВРЕДИ-ЗНАМ за нов член на критикуваниот Судски совет скандалозно ја инсталира сопругата на градоначалникот на Радовиш, Ацо Ристов, кој доаѓа токму од ДПМНЕ. Данка Ристова е избрана за член на Судскиот совет на местото на Лорета Ѓорѓиева од Струмица, за која во јавноста гласно се говореше дека е од „тефтерчето” на Заев, со што фамозното „тефтерче” за избор на подобни партиски судии, повторно премина во рацете на ДПМНЕ!“ соопштија денеска од Левица.

Опозиционерите велат дека „со ваквиот избор се потврдија укажувањата на Левица, дека бизнис – елитите на криминалните политички партии, ДПМНЕ, СДС, ДУИ и нивните деривати, изминативе години константно го партизираат судството со избор на свои подобни партиски судии, без никаква надеж дека довербата од 2% воопшто би се покачила“.

„Оваа одлука го демонстрира истиот шаблон на поставување партиски кадри во клучните правосудни тела, а со цел цементирање на политичката контрола и обезбедување на комоција во криминалното владеење. Овој избор доаѓа во време кога премиерот Мицкоски најавуваше сериозни реформи, дури и распуштање на Судскиот совет поради неговото катастрофално работење. Очигледно, Мицкоски ќе продолжи да го зајакнува системот што го критикуваше“ е ставот на Левица.

Левица ја предупредува јавноста дека „Мицковизмот не само што ќе го наследи, туку и ќе го надгради Заевизмот. Она што го критикуваше, Мицкоски сега совршено го копира“.

Би можело да ве интересира

Левица: Најголем поборник за Биљал Касами да биде повторно градоначалник е раководството на ДПМНЕ на чело со Мицкоски

Влен: ДУИ е партнер на Левица, за власт ги гази Албанците

Горан Наумовски

Манасиевски: Од наводно неподмитливи до профитери, ова е вистинското лице на Апасиев и Левица

Катерина Ѓуровски

Левица: На Мицкоски и ДПМНЕ им порачуваме да не се бламираат – имаме кандидати за градоначалници во Тетово, Гостивар, Струга, а ДПМНЕ коленичи пред Вреди

Мојсоска: Сега е моментот да им се покаже на големите играчи дека „Македонија е подалеку од Групчин“

Пратеникот Јанчев не возел под дејство на алкохол и над дозволената брзина, моторциклот се забил во вратата на автомобилот, објаснуваат од Левица