Полицијата во Лондон спаси 30 лица од реката Темза, откако нивниот брод се запали.
Една жена и дете се хоспитализирани поради задушување.
На бродот „Дак Турс“ пловеле 28 патници и двајца членови на екипажот, кога ненадејно избил пожар. Бродот се наоѓал во близина на зградата на британскиот парламент.