Австрија ќе почне да ги депортира Сиријците

Од:

Австрискиот министер за надворешни работи Александар Шаленберг изјави дека потенцијалното депортирање на сириските граѓани од Австрија може да започне само кога ќе се стабилизира ситуацијата во Сирија, но дека засега е невозможно да се предвиди кога тоа би можело да се случи.

„Најнормална и најразумна работа на светот е да се каже дека ќе го направиме тоа што е можно поскоро. Не знам кога. Можете ли да видите во иднината?“, изјави Шаленберг за Ројтерс.

Тој посочи дека ќе биде потребно време за да се разјасни ситуацијата во Сирија, предупредувајќи на „либиско сценарио“ за Сирија.

„Најлошото сценарио е, се разбира, развојот на една пропадната држава, така да се каже, која не може да се управува во реалноста. Либија 2, ако сакате. Тоа ќе мора внимателно да го следиме“, изјави шефот на австриската дипломатија.

Австриското Министерство за надворешни работи во понеделникот соопшти дека владата наредила да се суспендираат барањата за азил од сириските државјани во земјата, откако бунтовниците го зазедоа Дамаск во неделата, а претседателот Башар ал Асад замина за Русија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Израелската армија уништи 80 отсто од остатоците од сириската армија

Горан Наумовски

Песков: Безбедноста на руските граѓани и објекти во Сирија е најважна работа за Кремљ

Писториус: Ситуацијата во Сирија ги покажува ризиците со кои се соочуваат руските партнери

Лидерот на бунтовниците во Сирија: Ќе го казниме секој што мачи или убива затвореници

Лебот во Алепо поскапе за 900 отсто

ВИДЕО: Бунтовниците го запалија гробот на таткото на Асад