Канадските власти ќе дозволат одгледување канабис за да се стави под контрола неговата конзумација и да се спречи шверц.
Според покренатата постапка на канадското федерално Министерство за здравство, фирмите кои сакаат да одгледуваат канабис должни се да предадат барање за одобрување до властите.
Досега 156 фирми поднеле барање, а само две добиле одобрение.
Канадското Министерство за здравство за тој систем одреди преоден датум до 31 март 2014 година, а се очекува до 2024 година околу 450 илјади корисници на марихуана да престанат да купуваат канабис од илегални продавачи.
Еден грам марихуана во улична продажба е околу десет долари додека фирмите што ќе се занимаваат со одгледување ќе продаваат за 7,6 долари, се вели во соопштението.
Според евиденција на Министерството, моментно марихуана им се дава