Грција преживува тешки моменти, но земјата ќе успее да се исправи и веќе помина поголем дел од патот и блиску е до излезеот од лавиринтот, изјави грчкиот премиер Андонис Самарас на средбата со претставници на грчката заедница во САД.
Тој посочи дека најтешкото завршило и оти не може да се зборува за излез на Грција од евро зоната.
Самарас упати и апел до грчката заедница во САД да инвестира во Грција, нагласувајќи оти „земјата има силна и стабилна Влада“, како и дека е сменета ситуацијата.