Авион Ербас А-320 со 151 патник и петчлен екипаж синоќа имаше инцидент за време на слетување на аеродромот Фиумичино во Рим.
Нема повредени меѓу патниците и екипажот.
Поради дефект на десното тркало авионот требало да се приземји на едната страна.
Пилотот успеал да го запре авионот пред да излета од пистата, јавија италијански медиуми.
Авионот неколкупати се обидувал да изврши слетување во услови на силна бура.
Подоцна било одлучено пистата да биде покриена со пена за да се олесни слетувањето без едно тркало.
Во операцијата учествувале и тимови на противпожарната служба.
Националната агенција за безбедност во авионскиот сообраќај врши истрага за причините за несреќата.