Продукцијата на серијата Хари Потер на ХБО ќе започне во студиото Warner Bros Leavesden, северозападен Лондон, летото 2025 година. Серијата ќе има потполно нова актерска екипа, додека ќе остане доследна на оригиналните книги за да донесе волшебнички авантури на новата публика.
Leavesden се наоѓа во Ватфорд, северно од Лондон, а хит-филмот Барби 2023 е снимен во тамошните студиа Ворнер Брос е продукциската компанија која стои зад оригиналните филмови со Даниел Редклиф, Ема Вотсон и Руперт Гринт. Новата серија, базирана на книгите на Џ.К. Роулинг, беше најавенa во 2023 година, а Макс рече дека тоа ќе биде „верна адаптација на култните книги“.
„Серијата ќе има нова актерска екипа, ќе биде полна со фантастични детали, омилени ликови и драматични локации кои обожавателите на Хари Потер ги сакаат повеќе од 25 години“, рече тогаш стримерот.
„Секоја сезона ќе биде автентична за оригиналните книги и ќе ги носи Хари Потер и овие неверојатни авантури пред нова публика низ целиот свет, додека оригиналните, класични и сакани филмови ќе останат во срцето на франшизата и достапни за гледање низ целиот свет“.
По повикот за кастинг во септември, 32.000 деца биле на аудиција за главните улоги, а тимот прегледува и до 1.000 ленти дневно, според ХБО. Актерската екипа на омилените ликови, вклучувајќи ги Хари Потер, Рон Визли и Хермиона Гренџер – која ја играат Редклиф, Гринт и Вотсон – ќе биде објавена подоцна.