10 одлични начини како да ја искористите сода бикарбоната

Од:

Покрај основната употерба, сода бикарбоната може да биде многу практична работа. Користејќи ја, можете сами да направите многу производи за нега.

1. Средство за чистење на лицето

Ако измешате сода бикарбона и вода во однос 3:1, ќе добиете нежно, непарфемирано средство за чистење на лицето.

2. Засилувач на шампон

Сипете вообичаена количина шампон во својата дланка и додадете еден грст сода бикарбона за длабински да ја измиете косата.

3. Ги смирува изгорениците од сонце

Натопете крпа во раствор кој се состои од четири лажици сода бикарбона и вода и поминете со крпата по изгорениците.

4. Ги смирува местата од убод на комарци

Направете паста од сода бикарбона и вода и нанесете ја на местото на убодот од комарецот за да ја смирите иритацијата.

5. Плакнење на устата

Ставете мала лажичка сода бикарбона во мала чаша со вода и смесата користете ја за плакнење наместо оние средства кои се базираат врз алкохол.

6. Паста за заби

Измешајте сода бикарбона со хидроген пероксид за да направите сопствена паста за заби или едноставно нанесете сода бикарбона на четката за заби и брзо ќе ги избелите забите.

7. Пилинг за тело

Наполнете сад кој може да го затворите до половина со сода бикарбона, додадете 10-15 капки есенцијално масло, а потоа додадете вода се додека не ја постигнете саканата густина.

8. Нежни раце

Измешајте сода бикарбона со нежен течен сапун во сооднос 3:1, за вашите раце да бидат понежни.

9. Ги отстранува непријатните мириси

Ако сте приготвувале риба или сте сечкале лук, пастата од сода бикарбона и вода ќе го неутрализира непријатниот мирис.

10. Средство за чистење на стапалата

Наполнете лавор со топла вода и ставете три лажици сода бикарбона во вода, а потоа исчистете ги стапалата со камен за пети.

Би можело да ве интересира

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска

Откриен досега непознат дел од човековата вилица

Ана Ололовска