Францускиот претседател Емануел Макрон вчера првпат и се обрати на нацијата по падот на владата. Потоа уследи обраќање и на Марин Ле Пен. Францускиот претседател најави дека ќе остане на функцијата до крајот на мандатот, кој трае до мај 2027 година.
Марин Ле Пен се осврна на изјавата на Емануел Макрон дека „ултралевичарските и екстремно десничарските партии се обединија за да создадат антирепубликански фронт“.
„Мало потсетување за претседателот Макрон, кој треба да биде гарант на Уставот: цензурата не е антирепубликанска, таа е предвидена со Уставот на нашата Петта република“, напиша таа.
Марин Ле Пен во својата прва изјава за медиумите по изгласувањето недоверба изјави дека „одлучила да го заштити францускиот народ“.
„Немаше друго решение освен ова. Мишел Барние не ја слушаше опозицијата кога го конструираше својот буџет“, изјави таа за телевизијата TF1, додавајќи дека одлуката не била донесена лесно.