Русија негираше дека се меша во изборите во Романија

Од:

Русија негираше дека се мешала во претседателските избори во Романија, каде што би можел да победи екстремно десничарскиот проруски кандидат кој се противи на европската помош за Украина.

„Ние цврсто ги отфрламе сите непријателски напади, кои ги сметаме за целосно неосновани“, рече портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија Марија Захарова во изјавата и ги осуди „сите поапсурдни обвинувања“ упатени кон Москва.

Романските власти декласифицираа документи кои ги опишуваат наводните мерки за дестабилизација кои личат на техниките што ги користи Русија.

За време на изборниот период во Романија имаше „агресивни хибридни руски напади“, а победата на десничарскиот кандидат Калин Георгеску беше резултат на координирана кампања на социјалните мрежи, најверојатно зад „државен актер“, покажуваат декласифицираните документи на романските разузнавачки агенции.

По објавувањето на оваа информација, Европската Комисија го интензивираше мониторингот на TikTok и нареди платформата да ги чува сите податоци и докази поврзани со романските избори, но и со претстојните избори во земјите на ЕУ, во случај на понатамошна истрага.

Би можело да ве интересира

Австрија ќе го укине ветото за прием на Романија и Бугарија во Шенген

Романците пред нов историски „референдум“

Излезни анкети во Романија: Партијата на премиерот Чолаку води на парламентарните избори

А1он

Повеќе од 18 милиони граѓани гласаат за нов парламент во Романија

А1он

Ќе се поништат ли претседателските избори во Романија, не очекувале таков резултат

Предраг Петровиќ

Песков: Не се мешаме во претседателските избори во Романија