Одбојкарите на Русија го освоија златниот медал на Европското првенство во одбојка, откако вечерва во финалето во „Паркен Арена“ во Копенхаген ја совладаа Италија со 3:1 во сетови.
Првите два сета им припаднаа на новите европски шампиони со 25:20 и 25:22. Италија потоа намали на 2:1 во сетови, добивајќи го третиот сет 25:22, но во следниот беше решен победникот. Русите убедливо го освоија со 25:17.
Во натпреварот за 3.место Србија ја победи Бугарија со 3:0 (25:22; 32:30 и 27:25).
Ова за Русија е 13.ти златен медал, а прв како независна држава, додека претходните 12 ги освои во склоп на Советскиот Сојуз.
Шампионатот се одржуваше во Данска и во Полска. Следното Европско првенство ќе се одржи по две години, а домаќини се Италија и Бугарија.