Грозданов: Цехот од немање визија како да се искористи рударски потенцијал за скоро ќе ни биде испорачан, кој ќе го плати!?

Од:

Цехот од самоволието на дел од политичарите и немањето визија како да се искористи богатиот рударски потенцијал за доброто на сите граѓани, за скоро ќе биде испорачан. Па сега сакам да ги прашам оние гласни противници на рудниците кои неаргументирано заплашуваат народ и докажано шират дезинформации: Подготвени ли сте да преземете одговорност сега? Ќе ги платите ли вие овие 450 милиони долари, прашува во својата последната колумна аналитичарот и рударски инженер, Виктор Грозданов.

Грозданов во колумната се осврнува на изјавата на премиерот Христијан Мицковски кој неодамна изјави дека Македонија изгубила арбитражен спорт со вредност од 450 милиони евра како последица на одлука на претходната Влада.

„Премиерот Мицкоски не се изјасни јасно за кој случај од меѓународна арбитража станува збор, но според процените на средствата кои ги побарува една странка во процес против Македонија, се шпекулира дека станува збор за рудникот Казандол. Мора да потсетам, дека на последиците од една ваква пресуда одамна предупредував додека оние лажни еко активисти со цел да си ги прикријат своите вистински антимакедонски активности тврдеа дека се било само „блеф“, дека немало правни основи и се било со цел да се заплашува народ. Епа еве, стана јасно дека никој не блефира, туку останавме и без рудник и без пари или што би се рекло останавме по куси ракави и тоа среде зима. Наместо современ комплекс со најмодерна рударска технологија, високо платени работни места и свежи приливи во буџетот, државата ќе треба да плаќа огромни суми пари поради одењето по паметот на луѓе кои ем ништо не знаат од екологија ем не и мислат ништо добро на Македонија“, пишува Грозданов во колумната.

Грозданов истакнува дека пресудата треба да биде освестувачка како за граѓаните, така и за властите за тоа како треба да се пристапува кон носење одлуки особено кога станува збор за капацитетите во однос на рударската индустрија против кој во Македонија во изминативе години се водеше своевидна хајка иако низ Европа пред се’ поради потребите на енергетската транзиција добриот углед на овој економски сектор се враќа на голема врата.

„По паметот на секој кој се декларира како еко активисти не треба да се оди затоа што на крајот сите нас тоа скапо не’ чини. Да отвориме очи, да ги видиме фактите од секој аспект – еколошки, економски, геостратешки па потоа да пресекуваме“, пишува Грозданов.

Инаку, против државата според последните објавени податоци во моментов се водат пет арбитражни постапки од кои најголем дел се од рударскиот сектор.

Би можело да ве интересира

Грозданов: Оние кои носат одлуки за рударството треба да ја слушаат науката, а не лажни активисти

Тешко повреден рудар од Крива Паланка

Во рудник крај Пробиштип тешко повреден е рудар

Се исцртува ли визија за развојот на рударството во Македонија со формирањето на ново министерство

Горан Наумовски

Државата исправена пред економска логика – ќе го поддржат ли извозот на рударството за зголемен економски раст?

A1on

Несреќа во рудник во Чешка, еден рудар загина, неколку негови колеги се повредени