Во Италија денеска беа уапсени 12 лица за време на операција на државната полиција против супрематистичка и неонацистичка организација со кодно име „Дивизија Верволф“.
Истовремено, во тек се уште 13 претреси на куќи по налог на судот во Болоња.
Обвиненијата против членовите на оваа организација вклучуваат здружување со цел тероризам, пропаганда, поттикнување на кривични дела поради расна, етничка и верска дискриминација како и нелегално поседување оружје.