ВМРО-ДПМНЕ: Коцевски и ЈО да почнат да работат и да постапуваат по закон

Од:

Од слоганот на СДС „Нема правда нема мир“, но и од правдата на која се надеваа дел во учесниците во Шарената револуција, денес правосудството е на дното, а довербата на граѓаните во судството и обвинителството блиску до нула. Надежта за правда, на која се фокусираше СДС, заврши неславно со инсталирање на обвинители и судии избрани во Струмица и Зајас кои не постапуваат по наводите за криминал, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Од урлањето на Зоран Заев дека ќе донесе правда во Македонија, остана само клиентелизмот на судиите избрани во Струмица и Зајас кои ги опструираат предметите и не постапуваат. Љупчо Коцевски 6 месеци нема покренато ниту едно обвинение. Љупчо Коцевски е целосно одговорен за не постапувањето и неработењето на обвинителите под него.

Љупчо Коцевски е одговорен за ставањето под закрила на политичките криминалци од СДС и ДУИ. Коцевски наместо да работи на владеење на првото и да го санкционира криминалот, тој ја продлабочува недовербата на граѓаните во правосудството. Коцевски е платен од граѓаните и треба да ја гарантира правдата и владеењето на правото, а не да е во спрега со политичките криминалци на СДС и ДУИ.

Коцевски и ЈО со прст не мрднаа по мноштвото докази кои излегоа во јавноста за сторен криминал. За Коцевски не постои институтот за отворање на предмет по допрен глас. Коцевски не постапува по наводите за криминал во Онкологија, ЈПДП, Државна Лотарија, ТЕЦ Неготино, РЕК Битола, ЕСМ, МЕПСО, Министерството за здравство, нивите купувани вдолж трасата за автопатот Скопје – Блаце и мноштво предмети за кои известуваа медиумите. Коцевски треба да знае дека правдата не смее да чека, граѓаните заслужуваат правда и не можат повеќе да трпат неуспех, несериозност и непрофесионалност од судиите и обвинителите, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ