Тинејџер со полуавтоматска пушка пукал и ранил две лица во Велика Кладуша

Од:

Голема драма се одвивала денес во Велика Кладуша кога во престрелка биле ранети две лица.

Во оваа прилика пред медиумите се обрати Аднан Бегановиќ, портпарол на полицијата.

– Добиена е пријава дека во населба Марјановац, општина Велика Кладуша, било употребено огнено оружје. Во таа прилика двајца мажи се здобиле со повреди од огнено оружје во пределот на долните екстремитети. Поради тежината на повредите тие се пренесени во Здравствениот дом Велика Кладуша, каде им е укажана прва помош, а потоа се препратени во Кантонската болница „Д-р Ирфан Љубијанкиќ“, каде се хоспитализирани. Таму останале на понатамошно лекување. Морам да напоменам дека осомничениот за ова дело е со иницијали С.З., роден 2005 година во Марјановац. Со полуавтоматска пушка ги повредил споменатите лица – изјави Бегановиќ.

За се е известено обвинителството, под чиј надзор припадниците на СВР Велика Кладуша вршат увид и ги утврдуваат околностите на настанот. Обвинителот последователно ќе го квалификува делото.

Би можело да ве интересира

Жена е тешко ранета во оружен инцидент во Мостар

Пукање во Чаир, тешко рането е едно лице

ВИДЕО: Пукање во центарот на Москва

Предраг Петровиќ

30 дена притвор за насилник кој со нож рани двајца малолетници

Двајца ранети во оружен инцидент во село Арачиново

Трета жртва од пукањето во Скадар