Една од членките на „Пуси рајот“ примена во болница по седумдневен штрајк со глад

Од:

Надежда Толоконикова, една од двете членки на панк групата „Пуси рајот“, која издржува казна во работен камп во Русија, денеска е примена во болница по седум дена штрајк со глад, пренесоа француските медиуми.

-Лекарите денеска ја презедоа грижата за неа, посочи Сергеј Шалин, еден од шефовите на болницата во селото Барачево, на 600 километри од Москва, каде девојката била примена.

Во петокот казнетата панкерка беше префрлена во диспанзерот во работниот камп, по четвртиот ден од штрајкот со глад.

Толоконикова во понеделникот прогласи штрајк со глад во знак на протест против заканите со смрт, кои ги добивала откако отворено ги критикувала условите за живот во работниот камп.

Младата жена издржува двегодишна казна заради скандалозната панк молитва против Путин во московскиот храм „Христос Спасител“.

Би можело да ве интересира

Американец кој се борел како платеник за Украина е осуден на 6 години затвор

Пратениците на Левица остварија средба во Собранието со рускиот амбасадор Баздникин

(ВИДЕО) Блиска средба: Ф-16 испратен да пресретне руски Су-35 на Алјаска

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Лавров го предупреди Западот да не се бори до победа со нуклеарна сила

Горан Наумовски