Фетаи: Младите кои го запалија државното знаме се блиски соработници на мајсторот на казиното, Артан Груби

Од:

Коалицијата „ВРЕДИ“ денеска на прес-конференција обвини дека младите кои го запалија државното знаме на Денот на албанското знаме се блиски соработници на поранешниот вицепремиер за политички систем и односи меѓу заедниците – Артан Груби.

– Со задоволство и гордост можеме да соопштиме на пошироката јавност дека Денот на независноста на Албанија се сметаше за идеален момент за дестабилизација на ДУИ, овој план беше срушен со 17 лице притворени. Зашто, никој никогаш во замена за ништо не може да запали државни и национални знамиња, без разлика на нивната припадност. Ние ја завршивме нашата работа многу професионално и многу брзо. Со жалење и загриженост ве известуваме дека ВЛЕН обезбеди и фотографии кои докажуваат дека младите кои го запалија државното знаме се блиски соработници на мајсторот на казиното, Артан Груби – изјави денеска Арбен Фетаи, секретар за надворешни прашања од Алијанса за Албанците, кој е и актуелен заменик претседател на Владата задолжен за добро владеење.

Фетаи повика на намалување на тензиите и забрана на говорот на омраза, со цел да се обезбеди мир и напредок во државата.

– Повикувам на намалување на тензиите и забрана на говорот на омраза, бидејќи тоа се пречки за мир и напредок. Ние како ВЛЕН ќе продолжиме да бидеме гаранти на мирот, стабилноста и развојот на нашата држава. Секој Албанец има право да живее и да ужива во слободата, да слави со гордост и без страв од политички поделби или манипулации кои можат да го загрозат овој мир и хармонија што сакаме да ги изградиме за сите – посочи Фетаи.

Би можело да ве интересира

Влен: ДУИ се нервозни затоа што Изет Меџити ги „изгоре“ во Изборна единица 1

ДУИ: Наместо уставни измени и европска интеграција, Вреди ја отвори вратата за опасни влијанија од Белград и Москва

Меџити: Наша обврска е на учениците да им овозможиме што подобри услови за учење и развој

Влен: Албанците го казнија ДУИ, Таравари денес им се поклонува на Ахмети и Груби

Вреди му поднесе кривична пријава на Бујар Османи

Влен: Некоја структура во државата очигледно го штити и негува Бујар Османи како свој миленик