Мицкоски: Во моментов не гледам причина за лидерска средба, но ќе размислам на темата

Од:

Премиерот Христијан Мицкоски коментирајќи го денешното барање на СДСМ за лидерска средба, нагласи дека во моментов не гледа причина за такво нешто.

-Во овој момент не сум размислувал. Но, деновиве што се пред мене, ќе размислувам на таа тема. Доколку навистина има аргументи кои одат во таа насока, зошто да не. Но во моментов не гледам причина за такво нешто, ако гледам објективно, рече Мицкоски при неговата посета во Општина Јегуновце.

Потпретседателот на СДСМ Методија Илиевски денеска на прес-конференција побара итно одржување на лидерска средба на парламентарни политички партии.

– Како партија која секогаш го ставала интересот на граѓаните и стабилноста на државата на прво место, Социјалдемократскиот сојуз на Македонија предлага итно одржување на лидерска средба на лидерите на сите парламентарни политички партии. Ова е обврска што ја имаме кон граѓаните – обврска да покажеме дека сме подготвени заеднички да се справиме со сите предизвици и да ја зачуваме нашата држава стабилна и мирна, рече Илиевски на прес-конференција.

СДСМ, како што кажа, цврсто верува дека дијалогот, разбирањето и заедничката акција се единствениот пат напред.

Би можело да ве интересира

Мицкоски од Виена: Европа нема да биде силна ако нејзините делови останат слаби

А1он

Австрискиот канцелар: Време е целиот регион да го закотвиме во нашето семејство – во ЕУ

А1он

Мицкоски во Виена: Заедно со дијаспората до посилна Македонија

За ДУИ, владата на Мицкоски е неспособна, антиалбанска, антиевропска и последниот руски прокси во регионот

Мицкоски: Реформската агенда повеќе не е само план на хартија

А1он

Мицкоски: Очекувам граѓаните во Бугарија да изберат премиер фокусиран на добрососедските односи

А1он