Во Грција повеќе од 10.000 ученици се суспендирани поради користење на мобилни телефони за време на часовите

Од:

Во Грција од почетокот на учебната година во септември до денеска суспендирани се вкупно 10.700 ученици поради прекршување на забраната за користење мобилни телефони во училиштата за време на наставата, соопшти денеска грчкиот министер за образование Киријакос Пиеракакис.

Регулативата за забрана на користење на мобилни телефони од страна на учениците за време на наставата беше воведена на почетокот на годинава со цел да се намали нарушувањето на наставниот процес, пренесува Катимерини.

Регулативата предвидува еднодневен прекин на наставата за учениците кои ќе ја прекршат забраната, а оние кои тоа ќе го направат повеќе пати можат да бидат отстранети од настава на подолг временски период.

Оваа мерка е надополнување на претходно донесената регулатива против сајбер-малтретирањето, според која учениците можат да бидат отстранети од училиште доколку ги снимаат своите пријатели и ги објавуваат на интернет со цел да ги исмеваат или навредат, потсети грчкиот весник.

Би можело да ве интересира

Последиците од договорите со Грција и Бугарија се евидентни и сѐ уште не им се гледа крајот, вели Попов

Грчката Сириза избра нов лидер: Сократис Фамелос на чело на поранешната владејачка партија

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција