МВР: Уапсено е момче од Липково по собирот за денот на албанското знаме во Куманово, а оштетени се шест возила

Од:

Полицијата извести дека вчера во периодот од 18 до 22 часот во централно градско подрачје на Куманово беше одржан ненајавен јавен собир по повод денот на албанското знаме.

„Притоа, полициски службеници го привеле Б.Џ.(20) од село Липково поради непочитување на наредба и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок. За време на собирот биле оштетени шест патнички моторни возила, констатирани биле 20 мерки по закон за безбедност на сообраќајот на патиштата и една мерка од закон за возачка дозвола. По целосно расчистување и документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци“, извести МВР.

Би можело да ве интересира

МВР го најде во Скопје Цуната кој и избега на полицијата во Кочани преку прозорец

Катерина Ѓуровски

Распишана е меѓународна потерница по кочанчанецот кој побегна од полициска станица

А1он

Син уби татко во Скопје

А1он

ВИДЕО: Поголема количина дрога пронајдена во напуштени подрумски простории во Аеродром

Катерина Ѓуровски

Кандидатите кои ќе аплицираат за Средното полициско, да не се отпишуваат од училиште пред да заврши селекцијата, апелира МВР

Катерина Ѓуровски

Лишени од слобода 23 возачи за безобѕирно управување возило, без дозвола 21 од кои тројца малолетници