Мицкоски: Добивам документи од свиркачи за фалсификувани записници во Судскиот совет, не знам кој глас треба да допре до ЈО за да постапи

Од:

Премиерот Христијан Мицкоски вечерва од собраниската говорница рече дека има неколку стотици случаи од Министерството за внатрешни работи и финансиската полиција кои се наоѓаат во Обвинителството за постапување и дека по нив не се постапува.

Одговарајќи на пратеничко прашање, рече дека таму има луѓе кои не ги интересира правдата, туку дека тие се заробеници на некого.

– Континуирано добивам информации за тоа што се случува во Судскиот совет. Таму има еден клан од двајца, еден од тројца, една е сама, добивам документи од свиркачи за фалсификувани записници со различни дати, различни печати, без потписи. И ако тоа не е основа за јавниот обвинител да влезе и да провери, не знам кој глас треба да допре до Обвинителството за да постапи. Но, затоа веднаш допре гласот за ТОЕФЛ на Бојан Христовски. Кога СДСМ излезе од говорницата, истиот момент тој глас допре кај Гаврил Бубевски. Веднаш таа фреквенција стигнува до него и тој беше спремен веднаш, но кога треба да се постапува, тогаш треба медицински третман за симптомите со кои излегува во јавноста и ги опструира акциите на истражните органи – рече Мицкоски.

Додаде дека е потребно да се преземе акција и дека ќе биде преземена без разлика колку политички куршуми ќе прими.

Би можело да ве интересира

Син ми Антонио беше жртва на труењето во „Димо Хаџи Димов, три дена примаше инфузија, не одеше во училиште, вели Мицкоски

Горан Наумовски

Мицкоски: Уставен суд и Кацарска го укинаа линеарното зголемување на пензиите, над 70 проценти од пензионерите ќе земат помала пензија

Мицкоски: Нема да има нови ресори во Владата, ВРЕДИ нема да добие човек плус

А1он

Мицкоски: 6.045 пристигнати апликации, 3.296 се од млади лица под 29 години, што посебно радува

Се прави естрада, не треба да се посветува внимание, Мицкоски за случајот „Аца Лукас“

(ВИДЕО) Мицкоски: Се срамиме пред Стразбур од оние кои го контаминираат судството и обвинителството

Катерина Ѓуровски