„Собрав храброст како некои што ми порачуваат да се обидеме да ги разјасниме работите околу ова што се случува со превозот во Град Скопје во континуитет. Имено, уште веднаш ќе кажам дека градоначалникот Арсовска треба да сноси одговорност затоа што врши диверзија во една витална дејност како што е јавниот градски превоз. Имено по оној кикс што беше направен каде што Владата мораше да прогласи вонредна состојба и да го снабди ЈСП со гориво од државните резерви, таа во моментов во континуитет ги подбуцнува приватните превозници да прават проблеми во јавниот градски превоз“ изјави денеска Трајко Славески, претседател на Совет на Град Скопје.
„Само да нагласам, односно да потсетам дека пред 2 години вие сте сведоци, кога приватните превозници, тогашните претпријатија штрајкуваа, изразуваа знаци на револт, таа им ги раскина договорите и започна постапка за избор на нови даватели на услуги. А сега напротив иако веќе 4 и 5 месеци со ред приватните превозници се држат до договорите потпишани пред година и пол, а важат до мај 2025 година таа ги толерира и ова го прави нагласувам во вонредна состојба во Јавниот градски превоз. Не знам колку е свесна таа, а колку се свесни приватните превозници. Да почнеме со ред, нели има барања за зголемување на тарифата од страна на приватните сопственици за којашто сте информирани и нели приватни субјекти до Совет на Град Скопје. Не може да се обраќаат, тоа беше направено во вторникот нели во доцните попладневни часови преку иницијатива на член на Советот Горан Арсов. Јас таа иницијатива ја добив во 15.30 секако не можев веднаш да ја препратам, затоа што беше крај на работно време до градоначалник. Наредниот ден односно вчера имавме седница на совет и тоа го направив по завршување на нели седница на Совет“ рече Славески.
Тој напомена „Интересно е што и да ја разберете мојата положба како претседател на Совет и поставеноста некој манипулираа односно имаа пристап до мојата пошта иницијативата е доставена до претседател на совет на Град Скопје и пред јас да побарам мислење од градоначалник, градоначалник дава некое мислење за коешто сте информирани уште во текот на седницата на совет во коешто воопшто тоа не е мислење туку повторно кажува советниците треба да донесат одлука за зголемување на цената по изминат километар за приватните превозници. Тоа не оди така јас кон крајот на работното време доставив нели барање за мислење и тоа барање по 4 точки“.
Славески напомена „бараме да достави материјал како што тогашниот градоначалник Коце Трајановски во 2017 година во февруари на 17 страници значи тоа е овој материјал, на 17 страници доставува до Совет предлог одлука за утврдување на вредност на надоместок за извршени услуги во линискиот превоз на патници по критериумот остварен километар“.