Рокас: Од новиот состав на Европската Комисија треба да очекувате многу напорна работа

Од:

Од новиот состав на Европската Комисија треба да очекувате многу напорна работа, изјави шефот на Делегација на ЕУ во земјава, Михалис Рокас.

На прес конференција во Битола, евро-амбасадорот Рокас нагласи дека очекува овој пат и Европската унија да може да испорачува резултати со забрзана динамика.

-Од новиот состав на Европската Комисија треба да очекувате многу напорна работа. Процесот на проширување на Европската унија е врвен приоритет за самата Европска унија. Како сведоштво или како доказ за тој врвен приоритет е тоа што имаме комесар за проширување, а имаме и политички директор кој што ја има функцијата за проширување. Значи ги имаме сите алатки на раполагање и треба да ги ставиме во дејство од првиот ден на работата на новиот состав на Европската комисија, Ние како Делегација на ЕУ заедно со мојот тим и сите други членки на ЕУ тука присутни, остануваме посветени на самиот напредок за да може да ги искористиме сите можности кои ЕУ ги нуди. Имаме на располагање различни финансиски механизми, како што е планот за раст на Европската комисија и исто така реформската агенда на самата Влада. Очекувам ние како ЕУ, овој пат и ние да можеме да испорачуваме резултати со многу забрзана динамика, истакна Рокас.

Шефот на Делегација на ЕУ во земјава, Михалис Рокас денеска е во официјална посета на Општина Битола и други институции во овој град.

Би можело да ве интересира

Европскиот парламент ја одобри новата Европска Комисија на Урсула фон дер Лајен

Ристовски – Рокас: ЕУ е докажан партнер во развојот на македонскиот спорт

А1он

Средба Ангеловска-Бежоска ‒ Рокас: Независноста на Народната банка е значајна за кредибилитетот на политиките коишто ги води

Предвремени парламентарни заедно со локалните избори е решението за кризата со легитимитетот му рекол Ахмети на Рокас

Рокас повтори дека мора да се направат уставните измени за прогрес кон ЕУ

Катерина Ѓуровски

Амбасадорот Рокас на претседателката Адеми ѝ го предаде Извештајот на ЕУ: Активностите на Врховниот суд се позитивно оценети

Катерина Ѓуровски