Арсовска: Мицкоски ако јас сум кума на хаосот, ти си гробарот на јавниот превоз

Од:

Реформата на јавниот сообраќај која ја споменуваш „патриоту” Мицкоски, ти ја вети заедно со мене пред скопјани, ти ја саботираш таа реформа, ти го колабираш со своите полтрони советници јавниот превоз, се вели во писмената реакција на градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.

„Мицкоски, ти не гласаш за нови автобуси затоа што побарав сите партии во советот на Град Скопје да се вклучат во избор на спецификација и услови за набавка, ама така ти “патриоту” Мицкоски нема да можеш да преговараш со производители на автобуси како што правеше на почетокот на мандатот кога за тебе бев најдобриот менаџер во Европа.

Ајде “патриоту” Мицкоски одлучи се, или сум јас најдобриог менаџер во Европа кој ТИ со твоите мицковистички полтрони во советот го саботираш, или сум најлошиот градоначалник кој е ТВОЈ избор, градоначалник кој ТИ го молеше да го поддржиш на избори бидејќи твоите кандидати не ти се допаѓаа и не ти биле доволно градски луѓе.

“Патриоту” Мицкоски, се што разбра јавноста за тебе во овие изминати години е дека не може да ти се верува, исто како за враќање на името на Македонија, исто како за уставобранителите, исто како и за набавката за нафта за ЈСП која преку твојата директорка Богева ја поништи, за да креираш криза од која сега ќе не спасуваш“, вели Арсовска.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Минималната плата се зголемува, повисоки примања од април

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

Шест компании останаа без лиценца за одгледување канабис, Мицкоски најави нови акции

Премиерот го обвини Филипче за политичка слабост

Горан Наумовски

СДСМ: Обвинителство го закопа Мицкоски – МВР на Тошковски и АНБ на Христовски дале проценка за Груби

Горан Наумовски

Мицкоски: Создаваме средина каде идеите стануваат иновации