Без да се навредува публиката на Ранс, која виде како ПСЖ се прошета во натпреварот игран минатата среда со победа од 41-28 наспроти нивната екипа, шампионите на Франција играа во многу различен амбиент во саботата вечерта во Скопје, пишува спортскиот весник „Л’Екип“.
Нивната втора средба од Лигата на шампионите се одигра во зоврената сала на Автокоманда, каде 7000 Македонци беа зад Металург. Но ако се погледне биографијата на париските ѕвезди, тоа не може да им послужи за извинување за поразот 28-26 во Скопје, го пренесува пишувањето на спортскиот весник, дописникот на МИА од Париз.
„Лош ден за Французите“ – пишува париски „Фигаро“ кој се повикува на поразот на ПСЖ и тој и на Данкерк во Полска.
За „Паризиен“ „ПСЖ падна во Македонија“, „Оуест Франс“ насловува „Париз победен во Македонија“ и понатаму констатира дека „ПСЖ беше доминиран од Металург“.
Интернет изданието на „СпортКО“ додава дека ПСЖ не издржа наспроти фуријата од Скопје, со што го доживеаја вториот пораз ова сезона во сите компетиции, но прв во регуларно време. Претходниот пораз беше по изведба на седум метри во средбата со Шамбери во полуфиналето на Трофејот на шампионите.
„ХандЊуз“ насловува „ПСЖ во пеколот во Скопје. Всушност, над 7.000 гледачи го следеа натпреварот од Лигата на шампионите. Презагреаната публика даде се од себе за својата екипа. Играчите на ПСЖ брзо сфатија дека амбиентот ќе биде задушувачки, кога Микел Хансен беше исвиркан при влегувањето на паркетот, како спомен за неговото однесување на европското првенство во 2012 во Србија на полуфиналето со Данска. Истата публика на секој повик на своите играчи или на тренерот Лино Чеврар се подигна и ја понесен својата екипа наспроти дреам теам-от на ПСЖ.
Фанатизам или шпекулации? Ракометот е религија во Скопје и Македонија. Во Скопје има 3 екипи 2 машки и 1 женска кои годинава играат во Лигата на Шампионите, тоа е единствен град во Европа со толку учесници во Лигата на шампионите. Тоа не го пропушти да го забележи ниту француската спортска телевизија БинТв (која е сопствеост на катасркиот емир, сопственик на ПСЖ).
ПСЖ е предупреден, за петнаесет денови повторно ќе игра во истата сала, но наспроти шампионот на Македонија – Вардар, Хансен и неговата „банда се предупредени каков пречек ги очекува“ завршува ХандЊуз. Додека „Л’Екип“ зјадливо со забелешка до Хансен за кој се надева дека ќе биде помалку нервозен, отколку што беше на крајот на средбата со Металург.
Инаку скоро сите француски извештаи се со многу пофални зборови за умешноста на тренерот на Метлаург Лино Чеврар, голманот Станиќ и скоро сите играчи кои го надиграа францускиот шампион.
Француската ракометна јавност добро знае дека не е лесно да се игра против екипите од Македонија.