(ВИДЕО) Лефков: Аврамовска Мадиќ не може да е ново лице во СДС

Од:

Викторија Аврамовска Мадиќ која ги осмисли измените во Кривичниот законик за амнестија на криминалците од СДС и ДУИ не може да е ново лице во СДС. Поголем доказ дека СДС е управувана од 40-те потрчковци на Зоран Заев од ставањето на Аврамовска Мадиќ во раководството на неврохирургот на Заев, Филипче во СДС нема. Аврамовска Мадиќ е таа која како заменик министер за Правда ги осмислила и ги однела во влада измените на Кривичниот законик за укинување на повеќе делови во делот на Злоупотреба на службената положба, изјави Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

– Аврамовска Мадиќ тогаш во одговор на новинарско прашање кажа: „А што ве интересира точно вас? Кој ги напиша? Еве јас ќе ви кажам дека измените се подготвија во Влада од страна на трите коалициски партнери СДСМ, ДУИ и Алијанса за Албанците. Ние како министерство сме предлагач на законот, а ако ве интересира кој ги искуца измените – еве ќе ви кажам дактилографката од мојот кабинет по мој налог“.

Аврановска Мадиќ е горд извршител на Заев и негов потрчко. Аврамовска Мадиќ е поставена во ЦО на СДС и понатаму да одработува за Заев и неговите луѓе. Со потрчковците на Заев СДС не може да се помрдне од место – рече Лефков.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДС на Венко Филипче шири лаги и хистерија

Горан Наумовски

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Филипче го слави системот што го спаси од обвинение, велат од ВМРО-ДПМНЕ

(ВИДЕО) Лефков: Филипче во време на здравствена криза не мислел на пациентите, туку како да го наполни џебот

А1он

Лефков: Вистинскиот виновник не седи до нас, а тоа е Филипче, вака рекоа обвинетите за пожарот во модуларната болница

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче молчеше за загадената вода во Гостивар додека беше министер

Горан Наумовски