Претседателката на српското Собрание, Ана Брнабиќ денеска оцени дека изјавите на опозицијата за соборување на поранешниот романски претседател Николае Чаушеску предизвикуваат паника и дека некои од нив дури рекле дека војната е можна опција, но таа им порачала дека немаат со кој да војуваaт и дека е неопходно да се зачува стабилноста.
„Ќе ги повторам зборовите на Александар Вучиќ: Немате луѓе со кои ќе војувате. Овде нема да има граѓанска војна. Мнозинството во Србија не го сака тоа. Мнозинството се рефлектира во овие 154 пратеници. Ова го прави малцинството. И тоа го прави затоа што нема ниту план, ниту програма, ниту визија“, рече Брнабиќ во српскиот парламент на прес-конференција.