Втората Планинска велосипедска трка Трофеј Ѓорче Петров 2013 ќе се одржи денеска на ридско-планинските предели на планината Жеден кои се наоѓаат на територијата на општина Ѓорче Петров и општина Сарај.
Должината на трасата е 23 км. Стартот и целта се наоѓаат на 687 метри надморска височина. Највисоката точка е 697, а најниската 340 метри надворска височина. Патеката е извонредно атрактивна и живописна.
Стартот на трката е од излетничкото место Крстот во 9 часот, над село Кучково, каде воедно ќе биде и целта и прогласувањето на победниците во 14 часот.
Трката е дел од календарот на Велосипедската федерација на Македонија и е од натпреварувачки карактер во елит машка и елит женска конкуренција, кои ќе се борат за освојување на Трофејот Ѓорче Петров како и за парична награда во износ од 6.000 ден за прво место, 4.500 ден за второ и 3.000 ден за трето место.
Организатор на трката е Здружението за одржлив социо-економски развој „Изгрејсонце“, помогнати од Велосипедската федерација на Македонија, во соработка со Граничната полиција на Република Македонија и „Македонски шуми“.