ВМРО-ДПМНЕ: Аврамовска Мадиќ ја интересираат само големи месечни хонорари и местење милионски тендери

Од:

Неврохирургот на Заев, Венко Филипче и поранешната претседателка на Сорос во Македонија, Викторија Аврамовска Мадиќ не можат да бидат новите лица на СДС. И двајцата се продолжена рака на Зоран Заев, кој сè уште ја води СДС. Аврамовска Мадиќ избраната од пред некој ден заменичка на неврохирургот на Заев, Филипче, ja интересираат само големи месечни хонорари и е специјалист за местење и добивање државни тендери, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Додека Аврамовска Мадиќ била државен функционер, односно секретар во Град Скопје, фирмата на нејзиниот зет доби тендер од градот за набавка на противпожарна скала во вредност од 1,7 милиони евра. А иста таква противпожарна скала, градската управа на Загреб ја набавила за 800 илјади евра. Што значи дека во периодот кога Аврамовска Мадиќ е секретар во Град Скопје, преку фирмата на зетот, градска каса ја оштетиле за 900 илјади евра. Фирмата на зетот на Аврамовска Мадиќ во време на владеење на СДС добивал и други тендери, чијашто вредност надминува четири милиони евра. Од државните институции од кои добивала најмногу тендери се министерството за одбрана, МЕПСО, АД ГА МА, дирекција за заштита и спасување, Град Скопје. Аврамовска Мадиќ и Венко Филипче се лица добро познати на македонската општествена јавност и за жал, по ништо добро, туку само по криминал, корупција и матни зделки“, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?