СДСМ: Заев е подготвен на директно ТВ соочување со Груевски на темата чест и морал

Од:

СДСМ во писмена реакција на денешната прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ на која говореше Спиро Ристовски побараа од партијата да одговорат дали е непотизам и судир на интереси назначувањето први братучеди и кумот на премиерот.

Тие повторија дека претседателот на СДСМ Зоран Заев е подготвен на директно телевизиско соочување со премиерот на тема чест и морал.

„На сто пати повторените лаги од страна на ВМРО ДПМНЕ, уште еднаш ќе им реплицираме со покана да одговорат на следните прашања од кои упорно се обидуваат да избегаат: Не е ли непотизам и судир на интереси назначувањето на првите братучеди и кумот на премиерот Груевски за контролори на севкупниот општествен и стопански живот во Македонија, преседан незабележан во поновата политичка историја на Европа?

– Дали Сашо Мијалков,братучедот на Никола Груевски се стекнал со фантастични една милијарда евра? Како Гордана Јанкулоска, Влатко Ѓорчев и други високи функционери на ВМРО ДПМНЕ, се збогатиле од чиновнички плати? Дали Груевски, Мијалков и Ставрески се мозокот на операцијата во којашто, во последниве 7 години, се одлеани повеќе од 3,5 милијарди евра пари на граѓаните во непознат правец и во приватни џебови, се вели во соопштението на опозиционата СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата

Жерновски: Истрага за Гренел во САД – од Вашингтонскиот периметар не остана ниту милиметар

СДСМ: Јасно е дека кривичната против Јани Макрадули е по нарачка

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

„Платформа 12:05″: Изборите во Брвеница потврдија дека Филипче одработува за власта

Катерина Ѓуровски