Аргентинскиот фудбалски стручњак Хавиер Маскерано е нов тренер на Интер Мајами, соопшти денеска американскиот клуб.
Како што беше најавено, 40-годишниот Аргентинец потпиша договор до крајот на 2027 година со челниците на клубот за кој настапуваат неговите поранешни соиграчи од Барселона – Лео Меси, Луис Суарез, Жорди Алба и Серхио Бускетс.
Мајами ќе биде првиот клуб на Маскерано што ќе го води, претходно тој беше селектор на олимписката и младинската репрезентација на Аргентина.
Bienvenido, Jefe 🇦🇷✍️
Argentina and FC Barcelona legend Javier @Mascherano has been named as our new head coach! Welcome to the Miami dream 🩷🖤.
More details: https://t.co/iICOZxaFw7 pic.twitter.com/Boc6Ix32yC
— Inter Miami CF (@InterMiamiCF) November 26, 2024