(ВИДЕО) Филипче ѝ укажал на Сиљановска-Давкова за партизација во дел од безбедносните структури

Од:

Филипче и Силјановска Давкова разговарале за состојбата во безбедносните структури и евроинтеграциите

Претседателот на СДСМ Венко Филипче на денешната средба со претседателката Гордана Силјановска Давкова изразил загриженост и укажал дека треба да реагира за работи кои се во нејзини ингеренции, како што рече, пред се, „партизацијата која што се случува во делот на безбедносните структури“.

Разговарале и за процесот на евроинтеграциите и најави дека СДСМ ќе ја поддржи секоја подобрена позиција што ќе ја обезбеди Владата.

– И укажав на ризикот. Сметаме дека може да биде многу голем доколку настане фузија на двете безбедносни агенции, ако се продолжи со ваква партизација имајќи предвид дека сме имале едно такво лошо искуство во минатото, дека таква гломазна безбедносна партизирана институција може да се злоупотреби, изјави Филипче по средбата која ја оцени како пријатна, пријателска и конструктивна со цел натамошна конструктивна соработка.

Филипче порача дека ваква форма на политички дијалог на претседателката треба да прерасне во редовни средби.

Средбата ја побарал тој по последната седница на Комисијата за европски прашања каде имала излагање претседателката и го изнела искуството од Националниот совет за евроинтеграции.

Прашан дали на средбата добил информации за деблокада на евроинтеграциите и разговорите на Силјановска со бугарскиот претседател Румен Радев повтори дека СДСМ ќе поддржи секоја подобрена позиција која што Владата ќе ја обезбеди согласно ветувањата и обидите.

– Ја информирав претседателката дека за време на преговорите кога ги водеше СДСМ, сме се обиделе уставните измени да бидат со одложено дејство, меѓутоа тогаш тоа од бугарска страна, од раководството на тогашниот премиер Петков, не било прифатено. Повторувам која било подобрена позиција ние ќе ја поддржиме, рече Филипче.

За да дадат поддршка во Собранието на предлог за уставни измени со одложено дејство рече дека „треба да добијат потврда дека тоа е возможно.

– Многу опции, многу варијанти се работеле во изминатиот период. Јас имав состаноци коишто и тогашниот премиер Ковачевски, и тогашниот наш преговарач Маричиќ ми укажаа кои работи се обиделе да ги направат, што било возможно, што не било возможно. Ние успеавме да го направиме тоа. Сите други обиди меѓу другото и одложеното дејство на уставните измени тогаш бугарската страна не го прифатила. Што и да направи сегашната Влада, што ги подобри нашите позиции ние тоа го поддржуваме, изјави Филипче.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче побара поддршка за кандидатите на СДСМ: Гласајте за луѓе кои ќе бидат со вас и после изборите!

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Ацо Велковски е човек со дела зад себе, победата во Лозово е на дофат

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ со поголема Коалиција изгуби 140.000 гласови и тоа е сериозен политички сигнал

(ВИДЕО) Филипче: Со Христоски ќе продолжи развојот на Крушево, тој е гаранција за општина во служба на граѓаните

Горан Наумовски

Филипче: Имаме раст во голем број општини, но и слаби резултати во други, изборите се јасен показател за тоа што треба да се менува

(ВИДЕО) Филипче: Многу е важно избраните градоначалници и советници да добијат легитимитет од голем број граѓани

Горан Наумовски