Заменик-претседателот на либанскиот парламент, Елиас Бу Саб денеска изјави дека „не остануваат никакви сериозни пречки“ за да се започне со спроведување на американскиот предлог за 60-дневно примирје за прекин на борбите меѓу Израел и либанскиот Хезболах.
Елиас Бу Саб за Ројтерс изјави дека едно од преостанатите прашања е кој ќе го надгледува прекинот на огнот.
Договорено е да се формира комисија составена од пет земји, што значи дека овој тим ќе биде одговорен за следење и надзор на прекинот на огнот, а меѓу нив е и Франција, а со комисијата ќе претседаваат САД.