Адвокатска комора: Предизвикувањето пожар во Комората е напад врз целокупната адвокатура и правниот систем во државата

Од:

Адвокатската комора на Република Северна Македонија најостро го осудува насилниот напад кој се случи ноќеска, на 25 ноември 2024 година, околу 3.30 часот по полноќ, кога непознато лице насилно влегло во Комората и предизвикало пожар.

„Пожарот за среќа беше брзо изгаснат од противпожарните екипи. Меѓутоа, предизвикана е значителна материјална штета, а најважно е што, благодарение на брзата реакција на надлежните, нема човечки жртви.

Овој акт на насилство не само што претставува сериозна закана за безбедноста на вработените во институцијата, туку и на граѓаните кои живеат во непосредната близина на деловниот простор на Комората.

Нападот врз Адвокатската комора не е само напад врз еден правен субјект, туку е напад врз целокупната адвокатура и правниот систем во Република Северна Македонија.

Поради ова ја изразуваме нашата најдлабока осуда за ваквото насилство и нагласуваме дека ваквиот напад е апсолутно неприфатлив. Овој чин на насилство и вандализам е сериозна закана за јавната безбедност и правниот поредок во земјата, и не може да се оправда под никакви околности.

Ги повикуваме надлежните органи да дејствуваат брзо и ефективно за да се идентификуваат и приведат одговорните за овој напад. Ваквиот напад не смее да остане неказнет, а одговорните мора да се соочат со последиците од своите дејствија и да бидат најстрого казнети.

Комората останува посветена на заштитата на правата на адвокатите, граѓаните, како и на создавање на опкружување во кое сите институции ќе можат да работат без страв и загриженост, а притоа правото и правдата ќе останат неприкосновени“, велат од Комората.

Би можело да ве интересира

Пожар во канцеларија на Адвокатска комора

Изгореа покрив и кат од семејна куќа во Струмица

А1он

Пламнал пожар во празен автобус на ЈСП

Старец изгоре во пожар во селото Стримница

Катерина Ѓуровски

Изгоре куќа во Куманово, нема повредени

Пронајдени се две тела во запалена куќа во скопското село Морани

Горан Наумовски