НАТО соопшти за што разговарале Руте и Трамп

Од:

Портпаролката на НАТО Фара Дахала денеска изјави дека генералниот секретар на Алијансата Марк Руте се сретнал со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп во петокот во Палм Бич, Флорида и дека разговарале за безбедносни прашања.

– Имаше разговори за широк спектар глобални безбедносни прашања кои се однесуваат на Алијансата – изјави портпаролката, пренесе Ројтерс.

Во петокот, НАТО не одговори на барањата за коментар на извештаите на холандските медиуми дека Руте, кој е поранешен холандски премиер, отпатувал во САД со државен авион за да се сретне со Трамп.

Ројтерс забележува дека Руте бил препознаен од многумина како еден од најдобрите европски лидери во градењето добри односи со Трамп за време на неговиот прв мандат како претседател на САД од 2017 до 2021 година.

Би можело да ве интересира

Претседателката Сиљановска Давкова ја прими Радмила Шекеринска, новоизбраната заменик-генерална секретарка на НАТО

Мет Гаец нема да биде државен обвинител на САД

Бајден наполни 82 години и стана најстариот актуелен претседател во историјата на САД

Трамп го номинираше Метју Витакер за американски амбасадор во НАТО

Трамп повторно повика на разговори за можноста САД да го купат Гренланд

Мицкоски: Немавме никаква дилема да ја поддржиме Шекеринска, и се јавив уште вчера

Катерина Ѓуровски