Кремљ денеска објави дека нападот врз Украина со нова хиперсонична балистичка ракета е дизајниран да го предупреди Западот дека Москва ќе одговори на потезите на САД и Обединетото Кралство да му дозволат на Киев да ја нападне Русија со своите ракети.
Според агенцијата Франс прес, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, зборуваше еден ден откако рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Москва истрелала нова ракета врз украински воен објект во градот Днипро.
Песков рече дека од Русија не се бара да ги предупреди САД за нападот, но сепак го известил 30 минути пред лансирањето.
Путин остана отворен за дијалог рече Песков.