Унгарија ќе се откаже од сигурно снабдување со енергија по конкурентни цени само доколку добие подобра понуда, а досега не е пристигнат подобар предлог за замена на руската енергија, изјави унгарскиот министер за надворешни работи и трговија Петер Сијарто.
Тоа министерство соопшти дека Сијарто на прес-конференција по состанокот на Советот на Европската унија за трговски прашања во Брисел изјавил дека Унгарија инсистира набавката на енергетски извори да остане исклучива национална надлежност, пренесе МТИ.
– Значи, ние отфрламе секој обид да влијаеме како, од каде и од кого купуваме енергија. Тоа е прашање на национална безбедност и суверенитет. Снабдувањето со енергија е дел од националната безбедност и нема да прифатиме какво било мешање во дискусиите за нашата енергетска безбедност, рече Сијарто.