Поранешниот министер за градежништво, транспорт и инфраструктура Горан Весиќ се огласи на социјалните мрежи.
Тој рече дека не е уапсен, но дека „доброволно се јавил на поканата“.
„Не бев уапсен, доброволно се одзвав на повикот на полицајците со кои дојдов во Нови Сад и се ставив на располагање на истражните органи за целосно да се истражат сите околности кои довеле до несреќата во Нови Сад. напиша тој.
Тој додаде дека секогаш ќе им стои на располагање на надлежните органи и ќе докаже дека не сноси кривична одговорност.