(ВИДЕО) Во Србија снегот направи големи проблеми: „Прст пред око не се гледа“

Од:

Во речиси цела Србија и регионот вечерва врне снег. Снегот не престанува да паѓа на Златибор и Фрушка Гора.

Големо количество снег падна во месноста Калуѓерска бара на Тара, а како што можете да видите на видеото, снегот се уште вее.

„Снежната виулица почна наеднаш, дува толку силно што едвај се гледа прст пред око. На патот веќе има околу 10 сантиметри снег. Вечерва дефинитивно не се шегува зимата“, вели Петар Лазиќ од Бајина Башта за РИНА.

На коловозите има снег, па на возачите им се препорачува да бидат внимателни при возење. Надлежните патни служби се во максимална готовност, а механизацијата е веќе испратена на терен.

Републичкиот хидрометеоролошки завод претходно денеска предупреди дека во Србија во попладневните часови се очекува нагло опаѓање на температурата, со врнежи од дожд кои ќе преминат во снег и лапавица.

Во пониските предели на централна, западна и јужна Србија ќе се формира снежна покривка до пет сантиметри, а во ридско-планинските од 10 до 15 локално и повеќе.

Би можело да ве интересира

Во Берово најстудено, најмногу снег на Попова Шапка

Брнабиќ: На дневен ред на собраниската седница ќе ставиме расправа за довербата кон мене и кон Владата

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема блокада на белградска Автокоманда, протести во многу градови во Србија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: 24-часовна блокада на Автокоманда во Белград

Гренел за протестите во Србија: Новата американска влада не ги поддржува оние кои насилно ја преземаат власта

А1он

Москва: Се врши притисок врз Србија

А1он