Американскиот секретар за одбрана: За 1.000 дена војна Путин не постигна ниту една стратешка цел

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин не постигна „една стратешка цел“ за повеќе од 1.000 дена војна во Украина, изјави денеска американскиот секретар за одбрана Лојд Остин.

„Најголемата армија во Европа го нападна својот сосед кој имаше многу помал инвентар, многу помали капацитети, а 1.000 дена подоцна, допрва треба да постигне успех. Оваа војна трае веќе 1.000 дена, а Путин во секој случај не успеа да постигне ниту една стратешка цел“, рече Остин, според Си-Ен-Ен.

Остин изјави дека Украина му покажала на светот дека е можно помала и помалку способна земја да ја брани својата територија, под услов нејзиниот народ да биде посветен и да има барем дел од потребните ресурси.

„Некои од агресорите во светот научија дека не е така лесно како што изгледа и дека за тоа мора да се плати цена. Можам да ви гарантирам дека автократите ширум светот го гледаат ова и размислуваат, прават белешки“, рече Остин.

Претходно денеска Ројтерс објави, повикувајќи се на неименувани руски извори, дека Путин е отворен за разговори за договор за прекин на огнот во Украина со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, кој не вклучува големи територијални отстапки, и под услов Киев да се откаже од напорите за влезат во НАТО.

Би можело да ве интересира

Блумберг: Украина лансираше британски ракети кон Русија

САД испраќаат голем пакет помош за Украина

Ердоган на самитот на Г20 изјави дека Русија има право да се брани со нуклеарно оружје

Украина: Русите шират дезинформации за бомбардирањето

Песков: Има телефонска врска меѓу Кремљ и Белата куќа, но не е активна

Такер Карлсон: Бајден само што започна војна со најопасната земја на светот

Горан Наумовски