Баџанакот на Тошковски “победи” студент на генерација и стана доцент обвинува Левица

Од:

Изборот на Стевчо Јолакоски, баџанак на министерот Панче Тошковски, за доцент на Факултетот за безбедност, е уште еден пример за тоа како личните врски, политичките игри и семејните мрежи триумфираат над трудот, компетенциите и талентот, велат од Левица.

– Одлуката на Рецензентска комисија и Наставно-научниот совет не само што е крајно контроверзна, туку е и директна порака дека во Македонија стручноста не вреди, а партиската лојалност и семејните релации се клуч за успех. Овој обичај продолжува да го зголемува одливот на мозоци – тренд што и владата на ДПМНЕ-ЗНАМ-ВРЕДИ веќе во повеќе наврати, докажано, го стимулира!

Имено, на истиот конкурс за доцент на Факултетот за безбедност при УКЛО се пријавиле и други двајца кандидати кои имаат неспоредливо поголеми квалификации од баџанакот на Тошковски.
Еден од нив е и студент на генерација со далеку повисок просек од Јолакоски, со докажани академски и професионални успеси, бил демонстратор на Факултетот, магистрирал и во земјата и во странство, во текот на докторските студии бил визитинг истражувач во Турција и има објавено дупло повеќе научни трудови од избраниот доцент.

Сепак, овој кандидат бил заобиколен за да му се даде предност на Јолакоски – личност со минимален просек, несоодветно образование, без теоретска основа и искуство кое нема допирна точка со полициските и криминалистичките науки, освен што одбранил докторска дисертација на Факултетот за безбедност, но без полагање на испити.

Овој случај е уште еден доказ дека сегашната власт продолжува да ја уништува секоја институција заради лични интереси и хирови. Политичките и роднинските врски го гушат знаењето и талентот, создавајќи општество во кое младите ја губат вербата во можноста за успех во Македонија.

Одлучувачките органи наместо да бидат наместо да бидат чувари на академските стандарди и квалитетното образование – станаа алатки за партиски и семејни договори кои дополнително го уриваат образовниот систем.

Оттука бараме Државниот просветен инспекторат и Државната комисија за спречување на корупцијата веднаш да отворат предмет за овој еклатантен чин на непотизам и злоупотреба на функцијата.Мора да престане испраќањето на пораката: не е важно што знаеш и умееш, туку со кого се познаваш, се вели во соопштението до партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: Зошто Мицкоски молчи за криминалот на универзитетот на Мерко?!

Левица: Под водство на Амар Мециновиќ во Скопје ќе се случат промени за поквалитетен живот на сите генерации

Горан Наумовски

Лeвица: Кандидатите на ВРЕДИ шират шовинистичка реторика и етничка омраза кон македонскиот народ

Мојсоска: ВРЕДИ и ДУИ соработуваат во три општини – „благодарност“ што Мицкоски ги остави Гостивар, Тетово и Струга без кандидати за градоначалници

А1он

(ВИДЕО) Мециновиќ најавува европски модел за преработка на отпад во Скопје

Левица: Касами ќе го спасува криминалецот Дехари од ДУИ во Кичево – Мицкоски одбра да коленичи пред ВРЕДИ!

Горан Наумовски