Италијанскиот тенисер Јаник Синер за првпат во кариерата го освои завршниот Мастерс откако во финалето го совлада Американецот Тејлор Фриц со резултат 2:0 (6:4, 6:4) за еден час и 24 минути.
Синер направи брејк во првиот сет со резултат 3:3. Фриц имаше брејк топка на сервис на Синер при водство од 5:4, но не ја искористи, а Италијанецот потоа ја имаше првата сет-поен за водство од 1:0.
Во вториот сет доволен му беше еден брејк на 23-годишниот Италијанец да го прекине мечот и на најдобар можен начин да ја круниса најдобрата сезона во кариерата во која освои два грен слем купа и три Мастерси, не сметајќи ги конечниот.