Вчера, во 15,15 часот, во Прилеп на улица „11-ти Октомври“ се случила сообраќајна незгода во која учествувале моторцикл управуван од И.Ј. (19) од Прилеп и велосипед управуван од Сребре К. (83) од Прилеп, кој од задобиените повреди починал во Медицинскиот центар во Прилеп.
Увид на лице место извршиле Истражен судија, Јавен обвинител и екипа од ПС-Прилеп.