Кривична пријава за двајца жители на Сарај за грабнување на 38-годишна скопјанка

Од:

Секторот за внатрешни работи-Скопје со кривична пријава до надлежното Основно јавно обвинтиелство-Скопје на 27 септември 2013 година ги предаде И.И. (37) и Н.И. (27) двајцата од скопското село Сарај за сторено кривично дело „грабнување“. Во врска со тоа од срана на Истражен судија на И.И. му е одредена мерка притвор од 30 дена.

Како што соопшти Министерството за внатрешни, на 25-ти овој месец околу 20 часот на ул.„Војдан Чернодрински“ во Скопје, И.И.  ја пресретнал Е.М.(38) од Скопје,  на излезот од осигурителната компанија „Теле Брокер“ лоцирана во објектот „ЈЕТИ„ во близина на пазарот Бит Пазар, при што ја фатил за рака и заканувајќи и се да не вика и да не бара помош и наредил да се упати кон нејзиното патничко моторно возило „Фолцваген Поло“ со скопски регистерски таблички кое било паркирано во непосредна близина. До  споменатото возило се наоѓал и неговиот брат Н.И. и кога  пристигнале пред возилото, И.И. почнал да и се заканува по животот , барајќи од Е.М. да им даде 2.000 евра, при што и удрил шлаканица и насилно ја внел во нејзиното возило.

За цело време, со нив се движела и Р.С.(33) од Скопје,  која требало да си оди заедно со Е.М. дома, а во моментот додека траел настанот поминала и колешка на Е.М,  која веднаш реагирала прашувајќи ја што се случува. Притоа И.И. се свртел и и се заканил велејќи и  веднаш да си оди, по што таа од страв да не биде повредена си заминала, а воедно и Н.И. се заканил на едно женско лице кое во моментот се нашло на местото на настанот, за да си оди, по што и тоа си заминало. По ова, И.И. влегол во возилото, го стартувал и се упатил кон Сарај, а веднаш по нив тргнал и Н.И.  со своето патничко моторно возило „Венто“ со скопски  регистерски таблички. Кога пристигнале во Сарај, двајцата пријавени ја малтретирале и физички ја нападнале Е.М. заканувајќи и се дека доколку не им даде 2.000 евра, ќе и го запалат нејзиното возило.

Истите  паричните средства и ги побарале, под изговор дека немаат пари и не можат децата да ги прехранат, а таа морала да им помогне бидејќи од претходно знаеле дека  имала земено кредит. По ова, пријавените насилно ја качиле Е.М. во  вентото и ја однеле до пред нејзиниот дом, со цел таа да земе пари од дома и да им ги даде, но откако по околу пет до десет минути  виделе дека  не излегува од дома, го напуштиле местото, а  Е.М. настанот телефонски  го пријавила во полиција, по што  набрзо тие се пронајдени.

Претходно  И.И. е кривично пријавуван за сторени кривични дела,  повеќето од областа на имотните деликти, додека Н.И. досега не е кривично пријавуван.

Би можело да ве интересира

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип

Жена носела пиштол без дозвола на бензинска пумпа, сега е во притвор

Ана Ололовска

Куќен притвор за скопјанец што чувал пет вида дрога во изнајмен стан

Жарко Настоски

Скопјанец силувал и претепал жена во станот на неговата покојна мајка

Жарко Настоски