Иранскиот министер за надворешни работи Абас Аракчи вчера најави можност за почеток на преговори меѓу Техеран и Европа, пренесе иранската агенција Исна.
„Постои интерес на европските земји за почеток на преговорите и веројатно ќе се случи тоа“, рече Аракчи.
Аракчи, исто така, ги негираше тврдењата дека иранскиот амбасадор во Обединетите нации имал средба со извршниот директор на платформата X, Илон Маск во Њујорк, објави Ројтерс.